Во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција и толеранција се реализираше едукативната активност „Board games in classroom“. На истата, под фасилитација на наставникот д-р Бошко Караџов и на темелот на т.н. учење преку игра и играње (анг. game-based learning), учениците имаа можност да ги прошират знаењата од општествено-хуманистичките науки и меѓусебно да се дружат, соработуваат и натпреваруваат преку играње на едукативни друштвени игри на плоча (анг. board games). По запознавањето на учениците со игрите од претходните итерации на активноста како: Catan, Dixit, 7 Wonders, Спинокио и други, како и со новонабавените игри: Mysterium, Celestia, се одржа и традиционалниот училиштен турнир на кој наjдобри беа учениците: Лана Басаров, Ангела Николова и Бетим Шемседини.
