Eдукативната активност „Имам став“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

И оваа година учениците од нашата Гимназија беа дел од едукативната
активност „Имам став“ организирана од страна на Парламентарниот институт при
Собранието на Република Македонија. Истата се одржува четврта година по ред и
има натпреварувачки карактер.Во рамките на едукативната активност „Имам став“
учениците од Гимназијата понудија решенија на актуелни проблеми кои ги
засегаат младите луѓе и развија конструктивна дискусија во насока на
подобрување на образовниот систем, поттикнување на физичката активност на
учениците и намалување на невработеноста на младите.
Во конкуренција од дванаесет училишта на државно ниво, Гимазијалците се
пласираа во финалето кое ќе се одржи на 22 март, 2024 година.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den