Како и изминатите години, така и оваа учебна година гимназијалците учествуваат во иновативната едукативна програма од областа на социологијата на масовните медиуми, медиумската етика и новинарството ,„Спинокио“, организирана од е-медиумот ВИДИ ВАКА, а фасилитирана и ко-реализирана од предметниот професор д-р Бошко Караџов. Во рамките на едукативната програма, беше одржана првата работилница од областа на медиумската писменост и критичкото мислење од страна на организаторот.
Учениците покажаа голем интерес за активностите и со нетрпение го очекуваат пропратниот училишен турнир во специјално дизајнираната едукативно-друштвена игра на плоча „Спинокио“, каде најдобрите ученици од Гимназијата ќе ги одмерат знаењата и вештините во препознавањето на медиумските дезинформации, спинови, невистини, полу-вистини, фактоиди, скриени реклами, лажни вести и други видови на медиумска манипулација. И, секако, победниците или најдобрите ученици ќе ја претставуваат Гимназијата на финалниот државниот натпревар во Скопје.