Едукативно предавање на тема „Важноста на физичката активност и развојот на човекот“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email
На 2 декември 2025 година, во големата сала на Општина Велес се одржа едукативно предавање на тема „Важноста на физичката активност и развојот на човекот“. Предавањето  го одржа проф. д-р Горан Никовски од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје – Скопје.
Предавањето беше наменето за ученици од основно и средно образование и имаше за цел да ја истакне важноста на редовната физичка активност за правилен раст, развој и здравје. Настанот го следеа околу двесте ученици, а однашата Гимназија учество земаа околу осумдесет ученици од  прва до четврта година, тројца професори и директорот.
Присуствуваа и дваесеттина наставници по Спорт и спортски активности и Физичко образование од училиштата во општината, кои со своето присуство ја поддржаа промоцијата на здрави навики и активен начин на живот кај младите.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den