Жени што инспирираат! По повод Денот на жената, ученици од четврта година од
нашата Гимназија учествуваа во работилница која се одржа во Европска куќа во
Велес. Учениците слушнаа инспиративни приказни од четири неверојатни жени,
секоја лидер во својата област. Учениците кои беа дел од настанот имаа можност
лично да разговараат со секоја од говорничките, да постават прашања и да добијат
корисни совети за нивниот кариерен пат.
