Повод патрониот празник на Гимназијата и чествувањето на делото на
Рацин, Активот по општествени науки и хуманистика го продолжи
циклусот предавања и работилници „Рацин и филозофијата“ преку кои
учениците подробно се запознаа со актуелноста и значењето на
Рациновите есеистички статии и прилози. За таа цел, овогодинешното
чествување на Рацин започна со филозофската работилница „Рацин и
феминизмот“ која ја реализраше професорот по филозофија д-р Бошко
Караџов. Во рамките на работилницата, дел од учениците
од четврта година се запознаа со содржините на недовршената статија на
Рацин со наслов „Улогата на феминизмот во општеството и првите
почетоци на феминистичкото движење“. Во неа, на еден визиoнерски и
авангарден начин се афирмира феминизмот како облагородена политика
која е втемелена на оној вид на љубовта помеѓу машкото и женското битие
кое одбива да го привилегира едното над другото. Низ Рациновиот текст
учениците отворија дискуија и разговараа за дненешните социјални
проблеми на жената како мајка, сопруга, работничка, авторка и слично и
изразија високо ниво родова свесност за потребата од дополнителни и
проширени напори за унапредување на женските човекови права.