ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ ГО ПРОСЛЕДИЈА ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ „МЕДЕНА ЗЕМЈА“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ ГО ПРОСЛЕДИЈА ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ „МЕДЕНА ЗЕМЈА“

Во кинотеката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, на 23 јануари 2020 година, повеќе од двесте ученици од нашата Гимназија и нивните професори, имаа можност да го проследат македонскиот документарен филм „Медена земја“ –македонскиот кандидат за Оскар во категоријата најдобар странски филм за 2020 година на Американската филмска академија. Фимот е добитник на две номинации за претстојните оскари: за најдобар документарен филм и најдобар странски филм.

Учениците имаа можност да се запознаат со импресивната, вистинска, интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова, жена одгледувач на диви пчели, која живее сама со својата мајка во централна Македонија, заборавено место, кое е толку специфично и необично, што повеќето современи луѓе од западниот свет никогаш не би можеле ни да го замислат.

Сериозни и емотивно вознемирени и учениците и наставниците ја напуштија кино-салата. Атиџе, нејзините пчели и натрапниците, ќе бидат ликовите кои ќе бидат предмет на анализа во дебатите што ќе следат во нареднит период.

Настанот беше финансиски поддржан од Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, во рамките на Програмата за мировно образование. Да си посакаме уште многу вакви филмови и поводи за заедички дружења и дискусии.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den