ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ ЈА ПОКАЖАА СВОЈАТА ХУМАНОСТ !
Училишната заедница, при СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, по повод 3
Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, организираше донаторска
акција под мотото „Вашата донација, некому значи“. Кон истата се придружи и
Наставничкиот совет и директорот на училиштето.
Нашите ученици од прва и втора година, како и учениците од трета година кои го
изучуваат јазично – уметничкото подрачје, група Б, под менторство на предметниот наставник
по Ликовна уметност, Јулијана Михова, изработија разновидни изработки со новогодишни
мотиви, кои беа изложени на продажниот штанд во холот на Гимназијата. Собраните
средства од донаторската акција ќе бидат донирани на ученик со посебни образовни
потреби.
Голема благодарност до наставниот кадар и учениците кои земаа учество во
овој настан, а посебна благодарност за учениците кои беа ангажирани во подготовката и
реализирањето на настанот: Ана Бошкова, Александра Чатмова, Мелани Сарагинова,
Анастасија Неделкова, Марија Арсова, Стефани Настова и Ивана Јанкуловска.
Гимназијата „Кочо Рацин“ секогаш докажува дека во неа учат и работат хумани луѓе.
Гимназијалците секогаш сакаат и умеат да ја покажат својата хуманост и човекољубие.
Училишна заедница при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес