Во рамките на проектната активност Ликовна уметност, ученици од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, под менторство на професорката Јулијана Михова, присуствуваа на отворањето на изложба на слики под наслов „Урбани Кулиси“ од Алдемар Ибрахимовиќ.
Алдемар Ибрахимовиќ е уметник чиј творечки израз се движи помеѓу современото и класичното со силен личен печат во истражувањето на бојата, формата и човековата емоција. Неговите дела ја носат моќта на интимната исповед, но и универзалноста на уметноста која го поврзува човекот со просторот и времето.