Како дел од одбележувањето на Европската ноќ на истражувачите, учениците од природно – математичкото подрачје, група Б, на ден 26.9.2025 година учествувааа во возбудлива научна авантура во организација на Европската куќа во Велес. Со многу ентузијазам, знаење и тимска работа, учениците ги совладаа биолошките, хемиските и физичките предизвици.
На ден 2.10.2025 година, учениците од оваа група ја посетија изложбата „ЦЕРН и универзумот: науката која нè поврзува“, организирана од Европската куќа во Скопје во соработка со ЦЕРН и Природно-математичкиот факултет – УКИМ. Настан исполнет со инспирација и нови сознанија за тоа како науката нè поврзува сите! 
o

