Во дворот на Гимназијата се одржа 48-от општински натпревар по прва помош. На истиот учествуваа екипи од сите основни и средни училишта во градот.
Општинската организација на Црвен крст од Велес на регионалниот натпревар по прва помош кој ќе се одржи на 10 мај во Гевгелија, ќе ја претставува екипата на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ кои најдобро ги изработија повредите.
Освен трите пунктови каде се покажуваше знаењето по прва помош, имаше и два пункта кои беа од рекреативен карактер. Таму се играа забавни игри за ментално здравје и се вршеше дисеминација за Црвениот крст.
Им посакуваме успех на тимот на регионалниот натпревар.
Професор: Елизабета Николовска