Гимназијата секогаш со пиетет ги чествувала името и делото на големите сесловенски просветители, светите браќа Св. Кирил и Методиј. Оваа година чествувањето е двојно погордо и двојно порадосно. Општина Велес секоја година, токму во чест на просветителите, доделува награди и признанија за најдобрите просветни работници и за најдобрите ученици. Оваа година сме особено почестени, не со една, туку со две награди. Награда за најдобар просветен работник во средното образование,со која заслужено се закити Христина Леова, како и награда за најдобар ученик од средно образование, која заслужено му припадна на ученикот Кристијан Мартинов.
Професорката по англиски јазик, Христина Леова,заслужено го понесе ова признание како круна на нејзината долгогодишна успешна просветна и воспитна дејност, како и големиот број на проекти и ангажмани, не само од училишен, туку и од државен и меѓународен карактер. Таа е носител на голем број на пофалници и дипломи, како ментор, за освоени први, втори и трети места на општински, регионални и државни натпревари по англиски јазик. Воедно и самата е организатор на општински и регионални натпревари по англиски јазик. Добитник е и на благодарници за менторствоза освоени награди на литературни конкурси од нејзините ученици.Активно е вклучена во сите обуки и проекти организирни од страна на МОН, како и од други релевантни институции.
Учествува на голем број на конференции, симпозиуми и обуки, а потоа, стекнатите знаења и искуства, несебично ги споделува со своите колеги, со целво училиштето да се реализира поуспешна и попродуктивна наставна дејност. Меѓу позначајните ангажмани на Христина секако е активното и успешно ангажирање и учество на повеќе Меѓународни конференции за Информатичка технологија и развој на образованието, ЕЛТАМ МК. Таа е добитник на сертификат за зајакнување на работата на ЕЛТАМ МК, и ја стекнува доверба да биде организизатор на 13 Конференција за Информатичка технологија и развој на образованието ЕЛТАМ МК.
Активно учествува, а во исто време е и координинатор на дисеминациите, на голем број напроекти од образовната програма ЕРАЗМУС, која подолг период се спроведува во Европа. Таа е учесник и координатор на ЕРАЗМУС проектите: Solving medical mysteries with Math, СЕНЕБАК, Дигитална инклузија, newWERD, DEVCULT, Infographics in the classroom, QR coding and decoding, Digital paideia, findNANO, Math Labyrinth и Math-games.
Учествувала и на Меѓународните курсеви и тренинзи: How to make your school more interinternational,Project writing and project cycle management, EU project design and cycle management, All about forensic science, проектот STEM labyrinth и BYOD learning. Практиките, знаењата и искуствата, стекнати на истите, потоа ги споделува со своите колеги и ученици. Благодарение на нејзиниот несебичен ангажман наставните и воннаставните активноси во училиштето се подигнати на многу повисоко ниво.
Ученикот Кристијан Мартинов е еден од најангажираните ученици во нашето училиште. Покрај тоа што тој е редовен и исклучително успешен во наставниот процес, Кристијан постојано е ангажиран во скоро сите воннаставни проекти и активности во Гимназијата. Во текот на своето средно образование постигнал низа значајни резултати, како на општинско, така и на државно ниво. Сепак, ќе ги издвоиме најзначајните за оваа година, а тоа се освоените две први места на државните натпревари по: биологија, и англиски јазик, како и прво место на државниот конкурс за најдобар медиумски производ. Втора награда на регионалниот натпревар по англиски јазик. Тој е авор и режисер на театарските претстави: „Кој го уби сонцето“ и „ Штрајкот на велешките гимназијалци“. Ангажиран е и во областа на новинарството и успешно се докажа како уредник на училишниот весник „Гимназијалец“. Покрај сите овие активности тој е заедно со своите соученици и им помага при реализирањето на скоро сите училишни проекти и активности. Кристијан е воспитан, одмерен, културен и со исклучително коректен однос кон своите наставници. Со своите соученици има изградено искрен, другарски однос и секогаш е подготвен да помогне со знаење и совет. Затоа со право ја понесе титулата за најдобар ученик во средното образование за учебната 2024/2025 година.