ГИМНАЗИЈАТА УЧЕСНИК НА 58. ДЕТСКИ РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

СОУ „ Гимназија Кочо Рацин“, која со гордост го носи името на својот патрон и оваа
година се вклучи во одбележувањето на 58. Детски Рацинови средби со следните
активности.
Во предвечерието на 12 ноември, започна одбележувањето на манифестацијата и
празничните денови во чест на великанот и најголемиот поет помеѓу поетите, Коста Солев
Рацин. Гимназијалците кои беа дел од поворката која започна од спомен – Костурницата, се
движеше низ градот и заврши пред споменикот на Кочо Рацин, преку стихови, уметнички
креации и музика му оддадоа почит на бесмртниот Рацин. Стихови од Рацин интерпретираа
учениците: Изабела Жабева, Ива Ракиџиева, Кристијан Мартинов, Теодора Панова и Нина
Митевска. Во чест на великанот и нашиот патрон, Коста Солев Рацин, учениците од јазично –
уметничкото подрачје од нашето училиште: Марија Манева, Деспина Стојанова, Анамарија
Костовска , Сандра Наќева, Сергеј Рушков, Дора Димова, Сара Јорданова, Марија Спасеска,
Стефанија Кузманова и Анастазија Николовска, една од клупите пред споменикот на Рацин
пред Гимназијата, ја украсија со мотото „Бдеење пред мугрите“ како симболична најава за
силно светнатиот ден.Транспарентите со паролите за поворката „Бдеење пред мугрите“ ги
изработија учениците: Марија Манева, Ива Илиева, Емануела Теовска, Теодора Панова,
Маргарита Наунова, Михаела Ивановска, Лана Ракиџиева и Марија Симоновиќ.
Директорот и вработените при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, со положување на букет
цвеќе на бистата на Рацин во училиштниот двор на Гимназијата и спомен –
Костурницата, му оддадоа почит на својот патрон.
По повод 58. Детски Рацинови средби, учениците: Андреј Лазов, Лука Кочов, Ѓорѓи
Јаковлевски, Горјан Димитров, Христина Кочовска, Марија Симоновиќ и Лана
Ракиџиева, со професорката по Македонски јазик и литература, Соња Карбева, беа
дел од активноста „На гости кај Рацин“ и ја посетија Спомен – куќата на Рацин.
Чествувањето продолжи во медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ каде
се одржа работилница за креативно пишување на поезија, проза и ликовно творење на
тема „Кога денот од стих се раѓа“ со учениците од основните и средните училишта во
градот. Гости на работилницата беа:Трајче Кацаров, Јадранка Клисарова, Атанас
Крлевски, Соња Карбева и Даница Ивановска – Лепојевиќ. Работилницата ја водеа:
Десанка Николова и Наташа Брезовска – Богоевска.Од нашето училиште учествуваа
учениците: Лилиа Поцкова, Симеон Петров, Леон Машковиќ и Никола Тодоров и
професорката по Македонски јазик и литература: Весна Павлова.
Во духот на чествувањето на ликот и делото на Рацин, беше распишан поетски и
ликовен конкурс на тема „Кога денот од стих се раѓа“ и натпревар во ораторство на
тема „Работничко мастило – поетска крв“. Учениците имаа можност да учествуваат и
на рецитаторски натпревар на кои интерпретираа стихови од Рациновата поезија од
песната „Балада за непознатиот“. Ученици од нашето училиште кои се пласираа во
вториот круг на рецитаторскиот натпревар по повод 58. Детски Рацинови средби се:
Кристијан Мартинов, ментор Александра Стојановска, Јована Сиљановска, ментор
Цветанка Карамаркова и Марија Симоновиќ, ментор Весна Павлова.Ученици кои се
пласираа во вториот круг на натпреварот во ораторство се: Теодора Панова, ментор
Александра Стојановска, Нина Митевска, ментор Магдалена Сарагинова и Лана
Басаров, ментор Цветанка Карамаркова. Младите рецитатори и оратори се претставија
пред публиката на пригодна свеченост која се одржа на 14 ноември на малата сцена во
Народниот театар Ј.Х.К.Џинот – Велес. Жири комисијата во состав: проф.д -р Елка

Јачева – Улчар и актерите Слободанка Чичевска и Кире Ацевски го проследија
нивниот настап и го соопштија своето решение.
Втората награда на рецитаторскиот натпревар и ја додели на Јована Сиљановска,
ментор Цветанка Карамаркова. Со пофалници на рецитаторскиот натпревар се здобија
учениците:Кристијан Мартинов, ментор Александра Стојановска и Марија Симоновиќ,
ментор Весна Павлова.
Со прва награда на ораторскиот натпревар се здоби ученичката Нина Митевска, ментор
Магдалена Сарагинова. Втората награда на ораторскиот натпревар и припадна на
ученичката Теодора Панова, ментор Александра Стојановска, а со трета награда се
здоби ученичката Лана Басаров, ментор Цветанка Карамаркова.
За време на одржувањето на рецитаторскиот натпревар и натпреварот во ораторство,
на платото пред Народниот театар „Ј.Х.К.Џинот“ – Велес учениците од Гимназијата
„Кочо Рацин“: Вања Крстовска, Стефанија Станковска, Љубе Лазов, Ева Јаковлевска,
Тамара Димова, Ангел Димов и Елена Наковска, интерпретираа стихови од
стихозбирката „Бели мугри“ под менторство на професорките по Македонски јазик и
литература Цветанка Карамаркова и Весна Павлова.
Во музичкиот дел настапија учениците: Изабела Жабева, Кристина Станишева, Лили
Божиновска, Љубе Лазов и Димитар Илиев, со изведба на музичките композиции
„Мојата Македонија“ „Ленка“, и „Копачите“ под менторство на професорот по
Музичка уметност, Атанас Зафиров. Учениците од јазично – уметничкото подрачје:
Анамарија Костовска, Сандра Наќева, Сергеј Рушков, Дора Димова, Сара Јорданова,
Марија Спасеска, Стефанија Кузамнова, Марија Манева, Анастазија Николовска,
Деспина Стојанова и Виктор Здравев, инспирирани од ликот и делото на поетот Кочо
Рацин, изработија прекрасни уметнички креации кои беа изложени на платото пред
Народниот театар „Ј.Х.К.Џинот“ – Велес.Нашите уметници се подготвуваа под
мнторство на професорката по Ликовна уметност, Јулијана Михова.
Рацинови следбеници, ви упатуваме честитки и продолжете и понатаму да чекорите по
патот на успехот.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den