ГОДИНИТЕ МИНУВААТ, ПОЧИТТА И УБАВИТЕ СПОМЕНИ ЗА ГИМНАЗИЈАТА ОСТАНУВААТ

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Вчера Гимназијата имаше драги гости со многу необичен, но пријатен повод за посета.
Директорот Илија Попов ги прими гостинките, госпоѓа Соња Гаврилова, психолог, и госпоѓа
Олгица Пепелашева, медицинска сестра, како претставнички на генерацијата матуранти кои
своето образование го завршија во учебната 1979/1980година. Госпоѓа Соња Гаврилова била
инспирирана да напише песна која е доказ дека и по 45 години квалитетот на Гимназијата како
образовна институција се цени и се почитува. Во песната таа ги искажала сеќавањата на оваа
генерација, но во нивно име таа, преку стихови, воедно се заблагодари за знаењето и
воспитувањето кои го добиле за време на своето образование во Гимназијата, а кое било
пресудно тие да се изградат во добри личности и професионалци. Гимназијата цврсто
продолжува по тој пат.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den