По повод патрониот празник на училиштето, денес во училишната библиотека успешно се реализира уште една крводарителска акција. Акцијата ја поддржа и таткото на градот, господин Марко Колев,кој заедно со учениците, вработените и родителите уште еднаш ја демонстрираа својата хуманост и солидарност, дарувајќи вкупно седумнаесет крвни единици.
Голема благодарност упатуваме до волонтерите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес, како и до стручната екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, кои професионално ја спроведоа акцијата и овозможија сѐ да помине безбедно и организирано.
Воедно, сакаме да ги охрабриме сите ученици кои поради објективни медицински причини, беа вратени и не можеа да даруваат крв. Вашата желба да учествувате и да помогнете е подеднакво вредна. Не се разочарувајте — хуманоста не се мери само во самото дарување, туку и во намерата, подготвеноста и поддршката што ја покажавте.
Продолжуваме да градиме училиште кое негува вредности, солидарност и човечност.
Be the reason for someone’s heartbeat.







