ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА
На 27 февруари 2020 година, учениците од прва и втора година го посетија Ликовниот салон, на кој имаше изложено уметнички фотографии од сакрални објекти и рурална архитектура од маргините на скопскиот регион.
Богатото културно наследство – црквите и манастирите, потоа народното градителство, првенствено експонирано во позначајните објекти, репрезенти на старата рурална архитектура и покрај видно нарушената состојба, сведочат за автентичноста и континутетот на македонската градителска и зографска традиција.
Фотографиите од изложбата се од Дарко Николовски.
Одговорeн професор:Клементина Николовска Марковски