Математичко – информатички игри „Гимназиска Одисеја“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

На 18 декември 2023 година, во Гимназијата се одржа математичко – информатичка
работилница под наслов „Гимназиска Одисеја“.
Работилницата беше подготвена под менторство на професорите од Стручниот актив
по Математика и Информатика: Марија Гајдова, Снежана Арсеновска, Мариче Колева
и Гордана Саздова.
Во подготовката на работилницата учествуваа ученици од прва и втора година од
нашата Гимназија, кои изработија интерактивни презентации за деветтооделенците од
сите основни училишта од општината. Преку математички загатки, интересни факти,
игри и слики, Гимназијалците успеаја да им ги прикажат сите забавни аспекти на
математичката наука на учениците од деветто одделение.
Математичко – информатичките игри беа надополнети со прекрасна музичка точка во
изведба на учениците: Михаил Петковски и Ива Ракиџиева.
Ова е уште еден од низата настани по повод Патрониот празник на нашето училиште.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: