Меѓународен симпозиум „Медиумската писменост во добата на вештачката интелигенција: Проширување на границите на возможното“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС во хотел „Лимак“, на 29
февруари го одржаа третиот годишен меѓународен симпозиум „Медиумската
писменост во добата на вештачката интелигенција: Проширување на границите на
возможното“, кој беше организиран во рамки на проектот на УСАИД за медиумска
писменост „Младите размислуваат“. На симпозиумот од Гимназијата „Кочо Рацин“,
учествуваа професорката Магдалена Сарагинова и ученичките Василка Карталова
и Изабела Ѓурчиновски.
Настанот се организира со цел да поттикне дискусија за тоа како
образованието за медиумска писменост треба да држи чекор со брзите
општествени промени кои ги носи вештачката интелигенција.
Програмската координаторка на ИКС, Александра Теменугова, го отвори настанот
и ги претстави целите на симпозиумот, да се истражи како општеството и
медиумите се приспособуваат на технолошкиот напредок и вештачката
интелигенција и да се размисли како да се интегрира вештачката интелигенција
во наставата.
На симпозиумот имавме чест да се запознаеме со еминентни професори,
програмски менаџери и претставници на големи компании од цела Европа. Со
задоволство и внимание ги слушнавме нивните говори, дискусии, презентации и се
стекнавме со многу нови знаења и вештини.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: