На ден 24.2.2026 година, во просториите на Општина Велес се одржа средба помеѓу
градоначалникот Марко Колев,Советот на Општината и младите средношколци од
градот. Меѓу присутните беа и ученици од IV (четврта) година од СОУ ,,Гимназија Кочо Рацин“ – Велес.
Средбата имаше за цел учениците да се запознаат со надлежностите и работата на
локалната самоуправа, како и поттикнување на младинската вклученост во
општествените процеси. Градоначалникот и советниците ги информираа учениците за
тековните проекти на општината, идните планови и можностите за активно учество на
младите во донесување на одлуки.
Учениците имаа можност да поставуваат прашања, да искажат свои мислења и предлози за развојот на општината. Овие активности се важни, затоа што преку нив се поттикнува развојот на демократската култура, активното граѓанство и практичното разбирање на локалната власт.







