Моќта на книгата

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

По повод чествувањето од 153 годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев  во медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ на ден 04.2.2025 се одбележа раѓањето на нејзиниот патрон. Библиотеката, како и секоја година,распиша награден литературен конкурс за: Поетска или прозна творба на тема: „Моќта на книгата “.Во категоријата литературен конкурс поезија од прва до четврта година средно образование ученичката Василка Карталова освои трето место под менторство на професорката Цветанка Карамаркова.Во категоријата литературен конкурс проза од прва до четврта година средно образование ученичката Јана Пљокова освои прво место под менторство на професорката Александра Стојановска.На оваа свеченост беа доделени и награди за читателите со најголем број изнајмени книги.Најчитател во категоријата од средно образование е ученичката Василка Карталова. Одбележувањето на патрониот празник на Библиотеката беше збогатено и со извадоци од делото ,,Гоце Делчев во народното и уметничко творештво”.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den