Во годишната програма за работа на стручниот актив по Македонски јазик и
литература, покрај другите активности, планиравме да се изведат и нагледни часови во
наставата по овој предмет и изборниот предмет Драмска уметност кој е изборен
предмет на учениците од четврта година од јазично – уметничкото подрачје,
комбинација Б.
На нагледниот час по Драмска уметност се реализираше наставната единица
„Актерите во Шекспировиот театар“ од наставната тема „Кратка историја на
актерството“. Часот започна со повторување на содржини поврзани со историјата на
актерството. На покана од страна на професорката по Македонски јазик и литература,
Весна Павлова, на наставниот час по Драмска уметност, учениците од четврта година
од јазично – уметничкото подрачје ги посети Кире Ацевски, актер во Народниот театар
„Ј.Х.К. Џинот“ во Велес и поранешен ученик во
Гимназијата „Кочо Рацин“.
Во главниот дел од часот, со свое излагање за актерската улога од античкиот период,
па се до денес, актерот ги запозна учениците со процесот на работа на актерите,
истакнувајќи ја улогата на актерите во Шекспиоровиот театар и неговото огромно
влијание врз развојот на современиот театар.
Истакна дека му претставува особено задоволство што е меѓу учениците од
Гимназијата и со нив може да ги сподели своите искуства. Дел од разговорот беше
посветен и на неговиот сегашен ангажман како актер во велешкиот театар
„Ј.Х.К. Џинот“. Преку разговор со учениците,
нашиот гостин ги пренесе и своите
впечатоци и сеќавања од средношколските
денови во Гимназијата.
Прекрасна е сликата кога на крајот од часот ќе се видат задоволните лица на
учениците од тоа што го научија и што го дискутираа на самиот час со актерот. Ние
нему му се заблагодаривме што ја прими поканата да биде наш гостин и му посакавме
долга и успешна актерска кариера.







