На ден 25.3.2025 година, во нашето училиште се одржа креативен, стимулативен и
едукативен нагледен час кој ги спои учениците од Гимназијата со претставници
од групата за шпански јазик и книжевност при катедрата за романски јазици и книжевности од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-
Скопје. Со своето присуство не почестија проф. д-р Сања Михајловиќ – Костадиновска,
лектор, м-р Гиљермо Грасија Сола и Дамјан Ристов студент од втора година на групата
за шпански јазик и книжевност. Часот започна со кратка презентација од страна на
претставниците на факултетот, а потоа со интерактивен квиз на шпански јазик со кој се
вклучија и учениците во обострана дискусија. Во вториот дел од часот активно учество
завземаа и учениците Теодора Панова и Владимир Митревски од 2-2 клас, како и
Василка Карталова и Викторија Трајковска од 4-1 клас. Тие самостојно изработија
презентација во два дела. Во првиот дел се презентираше делото „Дон Кихот“ од
Мигел де Сервантес, а во вториот дел присутните ученици поделени во групи
учествуваа во интерактивна работилница со која се обработуваше тематиката на
делото. Учениците преку одлична дискусија ја доловија тематиката и целта на делото
„Дон Кихот“ и направија јасна разлика меѓу идеализмот и реализмот. Ученици
задолжени за илустрација на содржините што се обработуваа на часот беа Стефани
Настова и Марија Арсовска од 4 – 4 клас. Големо задоволство беше да се присуствува
на овој час и да се слушнат неисцрпните размислувања на учениците поврзувајќи ја
тематика во романот со секојдневните случувања од сегашноста. Учениците се
подготвуваа под менторство на професорките по Македонски јазик и литература
Цветанка Карамаркова, Магдалена Сарагинова и Весна Павлова и психологот Анита
Смилевска.
