На денешната манифестација во општина Велес, од вкупно триесет ученици и осумнаесет ментори од средните училишта во градот, четиринаесет ученици и десет ментори од нашата Гимназија добија признание за постигнати успеси од областа на природните науки, спортот и странските јазици на државни, меѓународни и олимписки натпревари во учебната 2023/2024 година.Со оваа одлука и обезбедените средства за финансиска награда од страна на општина Велес, ги мотивираме, поддржуваме и охрабруваме нашите ученици и понатаму да продолжат по патот на успехот. Горди на своите ученици! Успех, ништо помалку!