Проектна активност по планинарење – 07.10.2018

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Проектна активност по планинарење – 07.10.2018

Во рамките на спортската проектна активност по планинарење на 07.10.2018, се реализираше планинарската тура Велес – Папрадиште – Чеплес и обратно. После вообичаените подготовки и укажувања што се е потребно за реализација на ваква планинарска тура, тргнавме во реализација.

{besps}stories/ucebna2018_2019/planina1/sliki{/besps}

 

Тргнувањето беше во 07:30 часот од кругот на гимназијата. Патувањето помина во нормална атмосфера со неколку попатни паузи.

Во 09:00 часот пристигнавме во с. Папрадиште каде што ни беше закажано и зборното место. Групата ја сочинуваа дваесетина ученици од втора, трета и четврта година. После воведното излагање од страна на професорот Петре Петрушевски за текот на пешачењето, се упативме кон планинарскиот дом Чеплес, со попатни укажувања. Пешачењето во износ од 9.5 km со висинска разлика од 500 m помина беспрекорно. Пристигнувањето на Чеплес беше во 12:25 часот.

Во придружба ни беа и професорите Мариче Лазаровска и Крсте Шупев. Во тричасовното пешачење ни беше укажано за маркациите на дрвјата и за што служат.

По неколку кратки одмори стигнавме на Чеплес. Ја посетивме ливадата која што се наоѓа над планинарскиот дом, од која се пружа прекрасен поглед кон масивот Јакупица и врвот Солунска Глава. После одморот што го имавме за ручек и забава која траеше цели 3 часа, полека го напуштивме домот.

Во 17:20 Часот повторно се вративме во с. Папрадиште и се упативме кон Велес. Вкупно беа изодени 20.81 km, за време од 13 часа. Во Велес стигнавме во 19:00 часот.

Одговорeн професор: Петре Петрушевски

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den