Трибина по повод 1 Декември – Светски ден на борба против сидата
Во организација на Советот за јавно здравје на Општина Велес и ОО на Црвен крст, во големата сала на општинската зграда се одржа трибина по повод 1 Декември – Светскиот ден на борбата против сидата.
На едукативната трибина, на која стручни лица одржаа предвање за ХИВ/СИДА, како се пренесува и како се лекува вирусот, начинот на дијагностицирање и превенција, учествуваа учениците од втора година при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“.
Оваа година, Светскиот ден за борба против глобалната епидемија, се одбележа под мотото „Изедначи“. Според Светската здравствена организација , ХИВ-вирусот и натаму останува глобален проблем за јавното здравје, кој погодува над два милиони луѓе во европскиот регион.
Одговорeн професор:
Елизабета Николовска