52. РАЦИНОВИ СРЕДБИ
На 5 ноември, во Градската библиотека „Гоце Делчев” во Велес, на свеченото отворање на 52. Детски Рацинови средби, беа доделени наградите од литературниот и ликовниот конкурс на тема: „Белите мугри во светлината на денот“.
Организациониот одбор, гран-при наградата од ликовниот конкурс ја додели на ученичката Елена Ивчева од II-1 клас, под менторство на професор Кристијан Тодоров.
Исто така ученичката и на литературниот конкурс доби пофалница во категоријата пофалени песни.
Честитки за нашата ученичка!