ПРОГРАМА ACCESS
На 17 ноември 2022 година, во кино „Cineplex” во Скопје, за третата генерација учесници од програмата Access – Микростипендирање за подобрување на пристапот до англискиот јазик, поддржана од Амбасадата на САД во Скопје, се одржа завршна церемонија – доделување сертификати.
На учениците им се обратија претставници од Амбасадата на САД и претставници од МЦГО во Скопје.
Почесни благодарници им беа доделени на директорот на УСО „ Гимназија Кочо Рацин” од Велес, г. Илија Попов и г-ѓа Анита Смилевка, психолог во ушилиштето, за нивната несебечна соработка и поддршка на активностите на програмата Access.
Програмата за микростипендирање и доближување на англискиот јазик до учениците – Access е двегодишна програма за средношколци од различни етнички заедници која има за цел подобрување на нивото на познавање на англиски јазик, развивање на информатички вештини на учениците и вештини за управавање со проекти, ги подготвува учениците за развој на конверзациските вештини на англиски јазик со говорители на кои англискиот им е, или не им е мајчин јазик, преку разновидни активности за искуствено учење. Целта на Access е учениците да ги разберат културата и демократските вредности на САД преку соодветни активности.
Покрај тоа, на избрани ученици Access им обезбедува напредно познавање на англискиот јазик, можност за учество и натпреварување за идни размени и учење во САД.