ACCESS ВЕЛЕС ВО ПОСЕТА НА ACCESS РАДОВИШ

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ACCESS ВЕЛЕС ВО ПОСЕТА НА ACCESS РАДОВИШ

На 10 декември оваа година, учениците од Access – Велес, беа во работна посета на групата од Access – Радовиш.

Access-програмата оваа учебна година се одвива во пет града: Радовиш, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе. Покрај многубројните онлајн средби на учениците од сите пет града во минатата учебна година, ова е прва средба во живо, на која учениците од Радовиш и Велес имаа можност да се запознаат, да разменат искуства и мислења, да развијат нови пријателства.

Домаќините ја пречекаа групата од Велес во Гимназијата „Коста Сусинов“, а по кратката обиколка следуваше прошетка низ градот – домаќин. Најпрвин беше посетена црквата „Света Троица“, каде учениците беа поделени во групи и учествуваа во квиз на знаење со податоци за црквата. Рутата продолжи по булеварот и групата продолжи кон центарот на градот каде што повторно имаа квиз на знаење, овој пат со податоци за градот Радовиш и на крај беше организирана посета на градската библиотека, каде учениците дознаа повеќе за самата библиотека, како и за животот и делото на познатата оперска пејачка со потекло од Радовиш, Милка Ефтимова.

Учениците имаа можност да го пробаат и познатиот радовишки сомун.

Со позитивни импресии, Access-групата од Велес замина од Радовиш, подготвувајќи се да го возврати гостопримството во периодот што следи.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den