АФИРМАЦИЈА НА ГИМНАЗИЈАТА ПРЕКУ СПОРТОТ

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

АФИРМАЦИЈА НА ГИМНАЗИЈАТА ПРЕКУ СПОРТОТ

Активот по Спорт и спортски активности активно ја негува соработката со соодветните стручни активи од останатите основни и средни училишта во општината, преку најразлични форми и начини. Уште една таква потврда на соработката, а и промоција на Гимназијата пред деветоодделенците – спортисти се реализираше на 30.3.2018г, кога на наша покана гости ни беа ученичките од ООУ „Васил Главинов“ заедно со својата наставничка и класен раководител Весна Николова, на која и упатуваме јавна благодарност од име на Активот по Спорт за одвоеното време и организацијата на екипата.

{besps}stories/ucebna2017_2018/afirm_spo/sliki{/besps}

 

Во улога на добри домаќини овојпат беа гимназијалките од прва година кои успешно се снајдоа во улогата на спортисти промотори на Гимназијата. Се одигра одбојкарски натпревар во одлична атмосфера помеѓу двете екипи, а потоа и во мешан состав. Другарувањето, спортскиот дух и задоволството беше обострано, а резултатот во втор план.

Во наредниот период активот ќе биде домаќин и на останатите училишта, се со една цел промовирање на Гимназијата и информирање на сите заинтересирани идни гимназијалци за сите прашања и недоумици кои ги мачат.

АКТИВ ПО СПОРТ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den