Божиќна програма

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Божиќна програма

Традицијата за организирање на пригодна програма по повод католичкиот празник Божиќ продолжи и оваа година. Поточно ова беше триесет и прва Божиќна програма во која учествуваа ученици од прва до четврта година од Гимназијата под менторство на професорката по англиски јазик, Мимоза Костоска.

{besps}stories/ucebna2017_2018/boziken17/sliki{/besps}

 

Програмата беше збогатена со музички блокови во кои беа вклучени, како новогодишни, така и други популарни англиски мелодии. Со оваа програма учениците ја покажаа својата почит, љубов и благодарност за огромната посветеност кон изучувањето на англискиот јазик.

За музичкиот дел на Божиќната програма се погрижи професорот по музичка уметност Атанас Зафиров, а одржувањето на оваа активност беше координирано од професорките по англиски јазик: Мимоза Костоска и Христина Леова.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den