ДА ПОМОГНЕМЕ ДОБРИНАТА ДА ГО ПРОНАЈДЕ ПАТОТ ДО СРЦЕТО НА ЛУЃЕТО
По повод Патрониот празник на училиштето ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ од Иванковци, беше распишан литературен конкурс на тема: „Да помогнеме добрината да го пронајде патот до срцето на луѓето“. На литературниот конкурс учество земаа и учениците од нашата Гимнаија кои се закитија со награди.
Ученичката Тамара Трајановска од II-5 клас, под менторство на професорката Александра Стојановска го освои првото место, а ученичката Бојана Спасовска од I-5 клас, под менторство на професорката Цветанка Карамаркова ја освои втората награда.
На ученичките им честитаме и им посакуваме уште многу награди.
Одговорни наставници:
Александра Стојновска
Цетанка Карамаркова