ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ
По повод Европската недела на мобилност, на 22.09.2017г. петнаесет ученици од СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, предводени од професорите по спорт и спортски активности, Зоран Јованов и Илија Попов земаа учество во манифестацијата која годинава гласи: „споделувањето те движи напред“ која традиционално ја реализира Општина Велес.
{besps}stories/ucebna2017_2018/den_bez_avtomobili/sliki{/besps}
Во манифестацијата учествуваа учениците од основните и средните училишта од градот. На однапред предвидена релација, од стариот мост на реката Вардар до манастирот Св.Димитрија и назад, точно во 12 часот, со затворање на улицата, учениците заедно со своите наставници и професори возеа велосипеди и пешачеа. Со ова упативме силна порака дека автомобилите треба да се користат одговорно и колку што е можно истите да бидат заменети со превозни средства кои нема да ја загадуваат околината. Затоа вози велосипед, биди здрав и допринеси за здрава животна средина за себе и за сите околу тебе!
Актив по спорт и спортски активности