ДЕН НА ГРАВОТ 2015

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ДЕН НА ГРАВОТ 2015

Успешно завршена манифестација ДЕН НА ГРАВОТ 2015, која се имплементира од ЦЕД во соработка со Општина Теарце и Македонското еколошко друштво. Оваа сабота на 17ти октомви, по 6ти пат се одржа Денот на гравот во с.Теарце, Тетовско.

Освен вкусното гравче, можеше да се видат и штандовите богати со традиционални јадења поставени од основните и средните училишта од секој регион во Р.Македонија. Голема чест и задоволство ни беше тоа што учество зема и нашето училиште.

slika

Имавме можност да ја прикажеме традиционалната кујна на нашиот град Велес, но и им овозможивме на нашите ученици да се дружат со ученици од различна етничка припадност.

naslovna

Присутни на оваа манифестација беа ученичките од IV година Ивана Карпузова, Зорица Зикова, Вероника Ордевска, Мила Ќосева и Катерина Темелкова.

Одговорен професор:

Билјана Миланова

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den