Со голем еко-хепенинг што се одржа во Младинскиот парк, Велес го обележа Роденденот на планетата Земја 22-ри Април. Како град кој е за здрава животна средина и со овој настан потврди дека сите генерации на Велес се свесни за значењето на екологијата.
{besps}stories/ucebna2014_2015/sport/planeta_zemja/sliki{/besps}
Во оваа традиционална манифестација земаа учествуваа и ученици од СОУ “Гимназија Кочо Рацин” заедно со спортската академија по фудбал. Учениците преку читање на еко пораки и со спортски активности им упатија на сите присутни како да ја зачуваат природата, пораки за животна средина со чист воздух, вода и почва, за цветно опкружување и здрав начин на живот.