Децата треба да имаат разбирање за сите деца

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Децата треба да имаат разбирање за сите деца

Во рамките на проектот Мировно образование и одбележувањето на Неделата на солидарност со бегалците од Сирија, во нашето училиште во рамките на класните часови се одржаа работилници на тема „Сите сме деца на овој свет“.

Целта на овие работилници е да се подигне свеста на учениците за состојбата во која се наоѓаат децата од Сирија и воопшто бегалците, потребата од солидарност и помош на луѓето кои страдаат од војнa.

{besps}stories/ucebna2016_2017/begalska_kriza/naslovna{/besps}

 

Со учениците од втора година беше одржана етичка работилница во која под фасилитација на наставникот д-р Бошко Караџов се говореше за премрежјата низ кои поминуваат мигрантите од Блискиот Исток, како и за потребата од поголема солидарност и сочувство со страдањата на децата – бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан.

Грижата за другите најдобро покажува дека водиме сметка и за себе си, затоа што со тоа се претставуваме како вистински луѓе. Доброто што го правиме значи почитување на другите, а истовремено и почитување на себе, изразување на своето достоинство и свое реализирање како одговорна и чесна личност.

Да го следиме примерот на Мајка Тереза која скромно укажа „Не можеме да правиме големи нешта, но малите да ги правиме со голема љубов“.

Тимот

за Мировно образование

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den