ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ ОД ЛИКОВНИОТ И ЛИТЕРАТУРНИОТ КОНКУРС НА МАЈЧИН ЈАЗИК

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ ОД ЛИКОВНИОТ И ЛИТЕРАТУРНИОТ КОНКУРС НА МАЈЧИН ЈАЗИК

Доделувањето на наградите од ликовниот конкурс и литературниот конкурс на мајчин јазик започна со настапот на членовите на хорот на нашето училиште кои ја изведоа химната на нашиот град посветена на Миле Поп-Јорданов и музички аранжман подготвен според познатата Рацинова балада „Ленка“, а под диригентската палка на професор Атанас Зафиров.

{besps}stories/ucebna2018_2019/nagradi_salon/sliki{/besps}

 

Доделувањето на наградите за литературните творби на мајчин јазик и творбите од ликовниот конкурс, претставуваше завршница на годинешното чествување на Денот на училиштето. На почетокот до присутните наградени ученици, нивните ментори и останатите гости, се обрати директорот на нашето училиште, господин Гоце Алексоски.

 

Под менторство на професорката Магдалена Сарагинова, учениците подготвија поетски колаж за животот и делото на Коста Солев Рацин, во кој настапија учениците: Тамара Велковска, Сајма Лековиќ, Елена Ристовска, Марија Мирчевска, Марија Богоевска, Александра Здравковска, Дина Мирова, Ивона Србова, Сара Атанасова, Кристијан Спирковски, Александар Ристовски, Ѓоре Неделковски.

 

Музиката е секогаш верен следбеник на поезијата. Затоа ја проследивме изведбата на класичната композиција Аве Марија во вокална изведба на Пале Зврцинова и Ева Димитриева, а во корепетиција на пијано на професор Атанас Зафиров.

 

Како и секоја година, така и оваа, традиционално беше распишан литературен и ликовен конкурс. Литературниот конкурс беше на тема: „Рацине, во срце те носиме“, а ликовните творби учениците ги создаваа на тема: „Ова сум јас“.

 

Своите награди за литературниот конкурс ги примија учениците кои твореа на мајчин јазик: македонски, албански и бошњачки. Наградите на учениците и нивните ментори им ги додели директорот на нашето училиште, господин Гоце Алексоски. Со награди се закитија следните ученици:

 

Категорија средни училишта, творби на македонски јазик:

 

Филип Јованов, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – прва награда за поетска творба, ментор: Александра Стојановска.

Бојана Спасовска, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – втора награда за поетска творба, ментор: Цветанка Карамаркова.

Филип Величковски, ССОУ „Коле Неделковски“ – втора награда за поетска творба, ментор: Мариче Стојанова.

Наталија Купенкова, ССОУ „Димитрија Чуповски“ – трета награда за поетска творба, ментор: Верица Николова.

Моника Стефановска, ССОУ „Јовче Тесличков“ – трета награда за поетска творба, ментор: Жаклина Зафирчева.

Сара Николовска, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – прва награда за прозна творба, ментор: Магдалена Сарагинова.

Драгана Ристова, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – втора награда за прозна творба, ментор: Јовица Темов.

Сандра Илиевска, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – трета награда за прозна творба, ментор: Александра Стојановска.

 

Категорија основни училишта творби на македонски јазик:

 

Ивона Бојковска, ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан“ – Сујаклари – прва награда за поетска творба, ментор: Маја Стојанова.

Ајла Лековиќ, ООУ „Рајко Жинзифов“ – Оризари – втора награда, ментор: Менка Андреева.

Кети Димитриевска, ООУ „Блаже Конески“ – втора награда за поетска творба, ментор: Костадинка Атанасова.

Илија Амбарков, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – трета награда за поетска творба, ментор: Анита Мирчевска.

Марија Пеовска, ООУ „Петар Поп-Арсов“ – Богомила – трета награда за поетска творба, ментор: Орхидеја Ц. Таневска.

 

Категорија средни училишта, творби на мајчин албански јазик. Ментор на наградените ученици е професор Линдита Маликова:

 

Асмир Таировски, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – прва награда за поетска творба;

Ќенан Ахмедов, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – втора награда за поетска творба;

Влориме Фератова, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – трета награда за поетска творба;

Вјолца Етемова, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – прва награда за прозна творба;

Мукадес Бакиовска, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – втора награда за прозна творба.

 

Амина Гуџевиќ од ООУ „Рајко Жинзифов“ – Оризари, чиј ментор е Снежана Стојановска, беше единствен учесник со поетска творба на мајчин, бошњачки јазик, и се здоби со благодарница.

 

На ликовниот конкурс на тема „Ова сум јас“ пристигнаа повеќе од 300 творби. Со награди се закитија следните ученици:

Категорија основни училишта:

 

Трета награда – Дамјан Цветковски, ОУ „Петар Поп-Арсов“, ментор: Драганчо Таневски;

Втора награда – Емир Сулејманов, ОУ „Даме Груев“ – Градско, ментор: Сашко Арсовски;

Прва награда – Ива Ефремова, ОУ „Љубен Лапе“ – Скопје, ментор: Сузана Михајлова.

 

Категорија средни училишта:

 

Трета награда – Маиде Фејзо, ССОУ „Јовче Тесличков“, ментор: Илко Стојановски;

Втора награда – Елена Настова, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ментор: Крсте Шупев;

Прва награда – Ана Андреевска, СОУ „Гостивар“ – Гостивар, ментор: Елизабета Наумчевска.

 

Гран-при наградата ја освои Сандра Јованова, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ментор: Крсте Шупев.

 

На крајот на настанот, уште еднаш уживавме во убавата мелодија. Повторно Аве Марија, но во помодерен, забавен аранжман. Настапи Катерина Николова во пијано придружба на Љупче Зафиров.

 

Програмата ја водеа учениците: Лазар Тодоров и Марија Атанасова

 

 Одговорни професори: Соња Карбева, Цветанка Карамаркова, Крсте Шупев

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den