Eднодневна екскурзија Велес-Битола-Велес

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Eднодневна екскурзија Велес-Битола-Велес

На ден 15.5.2017 година со учениците од прва година и класните раководители беше реализирана еднодневна екскурзија на релација Велес -Битола -Велес. Според успешно реализираните подготовки и големата заинтересираност на учениците, отпочна еднодневната екскурзија со поаѓање во утринските часови. Прва дестинација која ја посетија учениците беше националниот парк Пелистер. Инфо центарот беше местото каде учениците имаа можност да се запознаат со разновидниот растителен и животински свет . Следна дестинација беше античкиот град Хераклеа каде што преку водич учениците беа запознати со големото културно историско значење на овој локалитет. Останатиот дел од времето учениците го поминаа во прошетка на градот Битола. По неколку часовната прошетка , учениците се упатија кон Велес. Безбедно пристигнаа во вечерните часови.

{besps}stories/ucebna2016_2017/ekskurzija_bvb/sliki{/besps}

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: