Едукација за крводарителство
Неделата пред дарувањето на крв, од 5 до 12 април 2018 година, во нашето училиште се одржаа едукациони работилници со учениците од трета и четврта година од страна на Елизабета Николовска, професор по биологија.
{besps}stories/ucebna2017_2018/krv_edukacija/sliki{/besps}
На работилниците се зборуваше за целта и вредноста на крводарителството, какво е значењето на еден човек да ја дарува својата крв и какви се приоритетите за здравјето на секој учесник во крводарителска акција. Учениците се интересираа и прашуваа каде и како се употребува даруваната крв , каде се преработува и на кој начин се донира на лицата на кои им е поребна.
Дадени се посебни препораки на учениците за тоа како треба да се однесуваат при дарувањето, кои ученици би биле потенцијални дарители, и со нормативите за тоа кој треба да се биде дарител.
Одговорeн професор: Елизабета Николовска