Екскурзија на учениците од прва година
Највозбудливиот настан за сите средношколци е несомнено екскурзијата која сите со нетрпение ја очекуваaт.
Според успешно реализираните подготовки и големата заинтересираност на учениците, на 20 мај се реализираше еднодневна екскурзија на учениците од прва година од нашата Гимназија на релација Велес – Битола – Велес
Прва дестинација која ја посетија учениците беше национланиот парк Пелистер кој се наоѓа помеѓу Преспанската Котлина и котлината Пелагонија. Тое е прв прогласен национален парк на територија на Република Македонија во 1947 година. И покрај тоа што зафаќа вака висок планински простор, овој национален парк е доста пристапен, а од Битола до неговиот локалитет Копанки има околу 15 км.
{besps}stories/ucebna2015_2016/ekskurzija_prva/sliki{/besps}
Инфо центарот на Пелистер беше местото каде учениците имаа можност да се запознаат со разновидниот растителен и животински свет и домаќините кои љубезно ги пречекаа. Станува збор за изложбен салон поделен на два дела. Во првиот дел се изложени флората и фауната која може да се сретне во регионот на националниот парк Пелистер, а во вториот дел се наоѓаат сите историски моменти кои се порврзани со териотријата на националниот парк.Овој изложбен салон е достапен за сите посетители.
Следна дестинација беше античкиот град Хераклеа кој датира од средината на IV век пред нашата ера. Основан од македонскиот крал Филип II Македонски, градот бил развиен воено-стратешки центар на северозападната граница на тогашната македонска област Линкесида (денешно Битолско Поле). Преку водич учениците беа запознати со големото културно – историско значење на овој локалитет.
Останатиот дел од времето учениците го поминаа во прошетка на градот Битола
По неколку часовна прошетка, учениците задоволни се сместија во своите автобуси каде ја продолжија својата забава преку песна и музика. Во вечерните часови, учениците задоволни се вратија во Велес, полни со импресии од посетените места.