Екскурзија-втора година

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Екскурзија-втора година

Веќе две години сме дел од оваа Гимназија, но и на втората и дојде крајот – ни останаа само уште неколку дена. Меѓутоа една средношколска година не би била тоа што е доколку заврши без една убава, долгоочекувана екскурзија. Овојпат Гимназијата заедно со нашите класни раководители ни овозможи таа да се реализира во градот во кој се наоѓа прекрасното заштитено од UNESCO Охридско Езеро, градот на Прличев – Охрид.

{besps}stories/ucebna2015_2016/ekskurzija_vtora_godina/sliki{/besps}

 

Екскурзијата започна со поаѓање во 7:30 часот од нашиот град. Сите поспани, на работ меѓу сонот и јавето се сместивме во автобусите и тргнавме. Патувајќи кон Скопје, Гостивар, Маврово расположени и желни за забава започнавме со разгледување на убавините на Макдонија. Го посетивме манастирот Св. Јован Бигорски кој се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар, блиску го кањонот на прекрасната Радика – најголемата притока на реката Црн Дрим. Продолживме кон Дебарското Езеро и Вевчани. Во близината на Вевчани се наоѓаат најпознатите и најпосетени извори во Македонија. За вевчанци изворите се нешто за кое што вреди да се гине – ги посетивме и нив се разбира.

Во Вевчани направивме и пауза за ручек. Пристигнавме во Струга, го разгледавме градот, се прошетавме по кејот и оттука директно се упативме кон Охрид. Се сместивме во хотелот „Мизо“ кој се наоѓа на самата плажа на Охридското Езеро. Се подготвивме и така желни за забава продолживме во дискотека во градот Охрид. Околу полноќ, откако журката заврши се вративме во хотелот. Утрото го огласи почетокот на вториот ден од нашето дружење за кое после појадокот беше организирано разгледување на знаменитостите на градот Охрид и преубавата Битола. Ја посетивме Самоиловата Тврдина и Плаошник, а потоа неколку часа потрошивме за прошетка низ Старата Охридска Чаршија и кејот на Охридското Езеро. Изморени од непреспаната ноќ и топлото време се упативме кон Битола, градот на Конзулите. Се прошетавме низ Широк Сокак и по едночасовната прошетка се упативме кон автобусите, што значеше дека на нашето дружење му се наближува крајот.

Пристигнавме во Велес во попладневните часови задоволни од заедно поминатото време, побогати за едно искуство и спомени за цел живот.

Александра Мечкаровска II-2 клас

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den