ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ – ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ
Во рамките на Европската Недела на мобилност, на 22 Септември (Сабота), ученици и наставници од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ земаа активно учество во настанот „Ден без автомобили“ кој го организираше Општина Велес.
{besps}stories/ucebna2018_2019/mobilnost/sliki{/besps}
Придружувани од велосипедистите од здруженијата на граѓани, љубителите на велосипедизмот рекреативно возеа од центарот на градот до Младинскиот парк каде се одржа централната манифестација. Со рекреативното возење на велосипеди, ролери, скејтборди и др, учениците дадоа пример како би се одвивал сообраќајот во централното градско подрачје ако се користат алтернативните превозни средства.
Од името на учениците и наставниците учесници упатуваме порака: СИТЕ НА ТОЧАК за подобро здравје, почиста животна средина и поголема сообраќајна (не)култура.
Одговорни професори: Зоран Јованов и Илија Попов