Гимназијалците го одбележаа Светскиот ден на театарот

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

naslovna

27 март е денот кога низ целиот свет се слави Светскиот ден на театарот. Театарските уметници, поклоници на Талија, од целиот свет, на овој ден се обидуваат да нè потсетат дека театарот е место каде луѓето треба да појдат за да ја почувствуваат неговата магија…

Гимназијалците го одбележаа Светскиот ден на театарот

27 март е денот кога низ целиот свет се слави Светскиот ден на театарот. Театарските уметници, поклоници на Талија, од целиот свет, на овој ден се обидуваат да нè потсетат дека театарот е место каде луѓето треба да појдат за да ја почувствуваат неговата магија и да се пронајдат самите во приказните раскажани на „даските кои живот значат“.

{besps}stories/ucebna2018_2019/деннатеатарот/sliki{/besps}

 

Во нашата Гимназија секогаш постоеле ученици, вљубеници во актерството и театарот. На нивна иницијатива и со помош на нивниот исклучителен креативен ангажман, оваа година го одбележавме Светскиот ден на театарот. Со голема почит го посветивме на најзначајното име на современата македонска драматургија, неодамна починатиот Горан Стефановски.

 

На почетокот присутните ги поздрави директорот на нашето училиште, господин Гоце Алексоски.

 

Ни претставуваше особена чест и задоволство што наш гостин беше Васил Зафирчев, актер во Велешкиот театар „Ј. Х. К. Џинот“, некогашен ученик на нашата Гимназија. Преку инспиративно обраќање, тој кратко се осврна на историскиот развој на театарот и на потребата младите луѓе да го сознаат неговото значење како мошне важен сегмент од културата. Исто така зборуваше за исклучителната чест да учи и да соработува со таков врвен драматург, каков што беше Горан Стефановски. Тој истакна дека со смртта на Стефановски, македонската драмска и културна сцена претрпела голема загуба. На крајот од своето обраќање, Зафирчев прочита извадоци од светското и од македонското писмо, по повод Денот на театарот, коe секоја година се упатува на овој ден. Учениците беа мошне восхитени и инспирирани од неговото обраќање.

 

Професорка по англиски јазик, Мимоза Костоска, ги сподели со учениците своите спомени за студентските денови во кои имала привилегија, токму од Горан Стефановски да учи за големиот драматург Шекспир и неговото творештво. Се потсети на Горан како голем ерудит, а сепак скромен и едноставен човек. Човек полн со знаење, исклучителен педагог, полн со љубов за својата земја и својот народ. Голем пријател и голем човек кој ги учел своите студенти со љубов и посветеност.

 

Крајот на одбележувањето на Светскиот ден на театарот го облагородивме со настапот на младите актери од нашата Гимназија: Бојана Спасовска, Сара Андреева, Кејти Андоновска, Кире Ацевски, Даниел Кaраманов и Кристијан Спирковски. Ученикот Петар Андреев направи избор од драмски реплики од најпознатите драми на Стефановски обединети во т.н. „Перформанс Диво месо“, кој младите актери го подготвија под негова режија. Учениците, инспирирани од духовниот флуид кој се создаде во сеќавање на Горан Стефановски, исклучително успешно ги толкуваа своите улоги. За својот успешен настап беа наградени со силен аплауз.

 

Ученикот Петар Андреев ја презема улогата на водител на настанот кој се реализираше под раководство на професорките по македонски јазик и литература: Весна Павлова и Соња Карбева.

 

 

 

 

 

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den