Гимназијалците на Медиумскиот ден

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Гимназијалците на Медиумскиот ден

По покана од Институтот за комуникациски студии, и оваа учебна година, секојдневната атмосфера во новинарските редакции, национални и локални медиуми, имаа можност да ја почувствуваат над 100 средношколци од 10 училишта, од целата држава.

Средношколците од: Велес, Скопје, Виница, Дебар, Богданци, Гевгелија, Струмица, посетија неколку медиуми (телевизии, радио и онлајн-медиуми) со цел младите на непосреден начин да се запознаат со улогата на медиумите во општеството, новинарските стандарди, како и со начинот на подготовка на информативните содржини во редакциите.

Единаесет ученика од Гимназијата „Кочо Рацин“, заедно со професорката Магдалена Сарагинова, присуствуваа по петти пат на Медиумскиот ден. Ги посетија трите медиумски куќи: Радио МОФ, ТВ 21 и МИА, каде имаа можност одблиску да се запознаат со работата на уредниците, новинарите, фото-репортерите, презентерите на вести, камерманите.

По посетата на медиумите, во хотелот „Александар Палас“ се одржа дебата на тема: „Тик-ток, Инстаграм, Јутјуб како да ги сузбиеме дезинформациите“. Дебатата ја водеше, Васко Маглешов, новинар во Призма.

Медиумскиот ден за средношколци се организира во рамки на проектот: „Употреба на новинарство, засновано на факти, за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Македонија “, што Институтот за комуникациски студии го спроведува со поддршка од Британската амбасада во Скопје.

Одговорeн професор: Магдалена Сарагинова

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den