ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО ПРОЕКТОТ “УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ЛИГИ“
Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, се реализира грандиозниот проект “Училишни спортски лиги“ поддржано од Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт.
{besps}stories/ucebna2017_2018/Sportska_L/sliki{/besps}
Федерацијата на училишен спорт на Македонија го изготви овој проект со основна цел да се унапреди училишниот спорт со зголемување на бројот на ученици вклучени во спортските активности и системот на натпревари во учебната 2017/18 година. Во рамките на овој проект во текот на месец Ноември се организираа два турнира во кошарка – машки, со учество на екипите на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, ССОУ „Јовче Тесличков“ – Велес, СОУ„Јане Сандански“ – Штип, како и ССОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш. Првиот турнир се организираше во Велес, во спортската сала при ССОУ “Коле Неделковски“. Кошаркарската екипа на Гимназијата оствари две победи во двата одиграни натпревари. На вториот по ред турнир кој се организираше во Штип, нашата екипа оствари еден минимален пораз и една убедлива победа, со што после два одиграни турнири се наоѓа на првото место. Во рамките на овој државен проект следуваат и натпреварите кои треба да се одиграат на третиот турнир, кој треба да се реализира во Радовиш во периодот што следи, на кој ќе биде познат победникот на Источниот регион кој ќе ги продолжи натпреварите на државно ниво. Се надеваме дека нашите кошаркари ќе демонстрираат добри игри и ќе успеат да се квалификуваат на завршниот турнир.
АКТИВ ПО СПОРТ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ