ИНКЛУЗИВНИ ПАРТНЕРСТВА ВО ЗАЕДНИЦИТЕ

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ПРОЕКТ „ИНКЛУЗИВНИ ПАРТНЕРСТВА ВО ЗАЕДНИЦИТЕ“ РЕАЛИЗИРАМЕ И СЕ ДРУЖИМЕ ПОД МОТОТО „И ЈАС СУМ ТУКА“

Планираните активности во рамките на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“ започнати минатата учебна година, продолжија со реализација и оваа учебна година, со учениците од Гимназијата „Кочо Рацин“ и ПОУ „Маца Овчарова“.

На 8 октомври 2019 година, во просториите на Гимназијата, учениците од двете училишта со одговорните наставници, реализираа дел од активностите планирани во клубовите на проектот: Клуб на информатичари и графички дизајнери, Клуб на млади актери и творци на мајчин јазик, Креативен уметнички клуб.

{besps}stories/ucebna2019_2020/inkluzivni_partnerstva/sliki{/besps}

 

Преку оваа средба, учениците ја покажаа желбата за меѓусебна соработка и исполнување на целта за привлекување на вниманието на младата популација за афирмирање на проблемите со кои се соочуваат децата со попреченост. За време на активностите, учениците ја почитуваа различноста кај своите врсници со попреченост, давајќи им апсолутна поддршка во реализирањето на планираните активности.

Изразија желба ваквите работилници да се случуваат почесто преку кои меѓусебно ќе се запознаваат и зближуваат.

Со активностите планирани под мотото: „И јас сум тука“, учениците се стремат за постигнување на главната цел за придвижување на кампања за сензибилизирање на своите врсници за лица со попреченост.

Одговорeни наставници:

Гордана Саздова

Весна Павлова

Кристијан Тодоров

Живка Саздова

Марија Давчевска

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den