Извештај од реализирана активност од добиениот грант МИО

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Во рамките на проектот за Mеѓуетничка интеграција и толеранција во
нашето училиште се реализираше вонаставна еко – активност помеѓу
учениците од 2-4 клас и 2-5 клас, координирани од професор Елизабета
Николовска. Учениците заеднички истражуваа, презентираа и дискутираа за
применливоста на истражувачкиот проект: „Новите, обновливи и
алтернативни извори на светлина“. По спроведеното истражување
активноста продолжи со поставување на лед светилките во училишниот двор
и со засадување на украсните растенија во еко училницата, кои го разубавеа
просторот во кој престојуваме. Во текот на активноста учениците меѓусебно се
запознаа, се дружеа и заеднички истражувајќи се запознаа со предностите од
користењето на новите начини на осветлување, со модерни и ефикасни
светилки. Воедно ја увидоа потребата и предноста од користење на оваа
модерна технологија која овозможува огромна заштеда на електрична енергија,
како и заштита на животната средина. Преку засадувањето на украсните
растенија спознаа дека растенијата се филтер за чист воздух и украс на
просторот во кој се наоѓаме.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den