ИЗВЕШТАЈ ЗА ПЛАНИНАРСКА ТУРА НА АКТИВОТ ПО СПОРТ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ПРИ СОУ „ГИМНАЗИЈА КОЧО РАЦИН“ – ВЕЛЕС

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПЛАНИНАРСКА ТУРА НА АКТИВОТ ПО СПОРТ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ПРИ СОУ „ГИМНАЗИЈА КОЧО РАЦИН“ – ВЕЛЕС

На 11. X 2018 година, од страна на професорите од Активот по спорт и спортски активности, со учениците од прва до чаетврта година кои избрале проектна активност – планинарење, се организираше еднодневна планинарска тура.

{besps}stories/ucebna2018_2019/planina2/sliki{/besps}

 

Тргнувањето беше од пред Гимназија до Планинарскиот дом во с. Папрадиште , при што се користеше организиран превоз. По кратка пауза на Планинарскиот дом, се упативме пеш кон Планинарскиот дом „Чеплес“. Попатно направивме неколку паузи на кои учениците беа информирани како безбедно да се движат во планина, а при тоа да не се изгубат, да се справат со можните неприлики во планина (временски неприлики, појава на животински свет, евентуални повреди и сл.).

 

 

 

Учениците добија инструкција и за користење на бусола во планина. Укажано им беше од страна на професорите дека почитувањето на обележаните знаци во планина е услов за безбедно движење низ неа. По два и пол часа пешачење, групата пристигна на Планинарскиот дом „Чеплес“. Таму учениците проведоа три во разни игри со топка, а еден дел од учениците продолжија со пешачење до блиската ливада и по три прекрасни часа поминати на надморска висина од 1490 м, се организиравме за враќање кон домот во с. Папрадиште, каде што нè чекаше организираниот превоз.

 

Во Велес стасавме по час и половина возење, а учениците беа задоволни од успешно реализираната планинарска тура.

 

Одговорни професори: Актив по спорт

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den