Извештај од натпреварите по математика

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Извештај од натпреварите по математика

Младите математичари од нашата Гимназија и оваа учебна година љубопитно и неуморно ги откриваа тајните на математиката. Математичката секција успешно и активно работеше под менторство на предметните професори: Зоран Трифунов, Мариче Лазаровска, Оливера Левкова, Снежана Арсеновска и Марија Гајдова.

{besps}stories/ucebna2014_2015/matematika_izvestaj/sliki{/besps}

 

Членовите на секцијата, талентирани ученици со голем интерес и енергија за изучување на математиката обработуваа теми од наставен карактер за надополнување и проширување на знаењата од математиката, како и решаваа задачи од натпреварувачки карактер.

Во склоп на активностите на математичката секција учениците беа подготвувани под менторство на соодветните професори за учество на повеќе натпревари: училишни, општински, регионални, републички и меѓународни.

Натпревари во учебната 2014/2015 година

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР

На општинскиот натпревар кој се одржа на 24.01.2015 година во нашата Гимназија учествуваа ученици од I до IV година, при што постигнати се следниве резултати:

I година: Учесници:Елеонора Ташкова, Наталија Стојановска, Марија Ивановска, Виктор Игнов, Ѓоре Николов, Александра Мечкаровска, Георги Тумбов.

II година: Кодовски Андреј – пофалница, Ампова Ана – пофалница, Маркова Даниела – пофалница, Петров Саше, Димова Тијана, Коџобашиева Пенелопа, Марија Николовска

III година: Невенка Максимова – пофалница, Влатко Нецинов – пофалница, Бојан Страчковски, Благој Христов, Ана Габерова, Стефан Шестаков, Викторија Стојанова.

IV година: Борче Атанасов – прва награда, Тања Славева, Ирена Басарова, Игор Кузмановски.

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР

На регионалниот натпревар кој се одржа на 14.02.2015 година домаќин беше нашата Гимназија, а учествуво обезбедија сите ученици, учесници на Општинскиот натпревар по математика, при што постигнати се следниве резултати:

I година: Марија Ивановска – трета награда
IV година: Игор Кузмановски – пофалница

РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР

На републичкиот натпревар кој се одржа на 14.03.2015 година на Машинскиот факултет во Скопје свое учество обезбедија следниве ученици:

  • Марија Ивановска I година
  • Стефан Шестаков III година
  • Игор Кузмановски IV година

МЕЃУНАРОДЕН МАТЕМАТИЧКИ НАТПРЕВАР КЕНГУР 2015

Во рамките на своите активности Сојузот на математичари на Македонија го организираше Меѓународниот математички натпревар КЕНГУР 2015, кој се реализираше на 19.03.2015 година, а учество земаа ученици од прва до четврта година од нашата Гимназија

Од вкупно пријавените 59 ученици од нашата Гимназија, под менторство на своите професори наградени и пофалени се следниве ученици:

I година:

  • Александра Мечкаровска – II награда
  • Ангела Чејкова – III награда
  • Кристијан Николов – III награда
  • Благој Алексовски – III награда
  • Даниела Василеска –III награда
  • Марија Шестакова – пофалница
  • Виктор Јанков – пофалница
  • Марија Чолакова – пофалница
  • Армин Бајрами- пофалница
  • Бојана Димитриевска – пофалница

II година:

  • Јованче Џоневски – II награда
  • Никола Јованов – III награда
  • Константин Атанасов – III награда
  • Драгана Кичукова – III награда
  • Тијана Димова – III награда
  • Филип Јамалов – III награда
  • Бојан Коцев – III награда
  • Ана Ампова – III награда
  • Даниела Маркова – пофалница

III година:

  • Тоше Цецев – пофалница
  • Марија Николовска – пофалница
  • Мартин Митушев – пофалница

IV година:

  • Игор Кузмановски – II награда
  • Борче Атанасов – II награда
  • Александар Димов – II награда
  • Димитар Стојанов – III награда
  • Викторија Манева – III награда
  • Филип Тодоровски – III награда
  • Ангела Саздова – III награда
  • Верица Талевска – пофалница
  • Мери Завкова – пофалница
  • Кристина Ивановска – пофалница
  • Јована Ѓорѓиева – пофалница
  • Сања Васиќ – пофалница

Mеѓународен online натпревар

Во организација на McMaster’s Department of Mathematics & Statistics, McMaster University – Faculty of Science, Canada на 26 ноември (среда) 2014 година, ученици од нашата Гимназија учествуваа на online математички натпревар. Натпреварот е од меѓународен карактер, а се натпреваруваат ученици од средните училишта од прва до четврта година. Учениците може да се натпреваруваат индивидуално или во тим од двајца ученици. Од нашата Гимназија учествуваа 30 тима од по двајца ученици, под менторство на своите професори по математика

Одговорни професори

Зоран Трифунов, Мариче Лазаровска,

Оливера Левкова, Снежана Арсеновска

и Марија Гајдова

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den