ЈА ИСТРАЖУВАМЕ И ЗАПОЗНАВАМЕ МАКЕДОНИЈА

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ЈА ИСТРАЖУВАМЕ И ЗАПОЗНАВАМЕ МАКЕДОНИЈА

Македонија, иако е мала земја, изобилува со природни и културни убавини. Како мултиетничка држава, се стремиме кон запознавање и почитување на културните вредности на народите кои живеат во неа.

{besps}stories/ucebna2018_2019/patopis1/sliki{/besps}

 

За таа цел, нашата Гимназија, поддржана и потпомогната од компанијата „Фармина“ од Италија, овој викенд ја започна реализацијата на проектот „Патопис“.

Во проектот учествуваат професорите: Љубица Темелковска, професор по француски јазик, Панче Ташковски, професор по руски јазик, Магдалена Сарагинова, професор по македонски јазик и литература и Крсте Шупев, професор по ликовна уметност, заедно со нивните ученици: Тамара Трајановска, Викторија Јорданова, Даниела Николовска и Александра Митева.

Имавме можност да ги истражиме знаменитостите од Западна Македонија. Ги посетивме следниве културни објекти: „Шарената (Пашина) џамија“ и „Музејот на уметноста “ во Тетово, манастирот „Св. Јован Бигорски“, манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Рајчица и црквата „Св. Климент Охридски“ на Плаошник.

По долгиот и возбудлив ден, следуваше одмор во „Вила Мина“ во градот Охрид. Следниот ден, по напуштањето на градот Охрид, се упативме кон Ресен, каде го посетивме музејот „Мал Версај“ и потоа продолживме кон Битола, каде што нè изненади првиот снег.

Со тоа успешно заврши првата етапа од нашето патување и доживување. Во наредниот период нè очекуваат нови возбудливи авантури.

Одговорeн професор, Магдалена Сарагинова

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den