Одбележување на денот на КОД

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Одбележување на денот на Командата за обука и доктрина

Пред извесен период со задоволство го прифативме предлогот за соработка со Командата за обука и доктрина при Армијата на Република Македонија. Тие, при формирањето на концептот за одбележување на Денот на Командата, подготвуваат и свечена програма. Нашето училиште имаше чест да биде покането со настапот на ученици во културно- уметничкиот дел од програмата и со учество на литературниот конкурс да го збогати чествувањето на празникот на Командата за обука и доктрина.

{besps}stories/ucebna2014_2015/kod/sliki{/besps}

 

Во музичкиот дел од програмата со својата прекрасна вокална интерпретација настапија ученичките: Марија Мијакова и Стефани Алчева во инструментална придружба на учениците: Марјан Ѓорѓиевски и Иван Милевски. Стихови од збирките поезија „Армијата во стиховите на младите поети“ рецитираа учениците: Сандра Танчева И Костадин Атанасов. Во овој дел од програмата настапи и вокално –инструменталниот состав„ Распеани велешани“.

По повод одбележувањето на празникот, Командата распиша и литературен конкурс. Во своите литературни творби младите поети искажаа благодарност кон Армијата која деноноќно бдее над нашиот мир и слобода. Наградите ги добија следните ученици: Ирена Христова IV година – прва награда, Тања Славева IV година – втора награда, Андреа Арсова III година – трета награда.На свеченоста , во името на нашето училиште, благодарница за соработка и придонес за развојот и функционирањето на Командата за обука и доктрина прими заменик – директорот, г-дин Славчо Давитковски.

На свеченоста беа присутни и заменик – началникот на Генералштабот на АРМ генерал – потполковник Насер Сејдини, Командантот на Командата за обука и доктрина полковник Љупчо Костовски, градоначалникот на Велес г-дин Славчо Чадиев, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ и Командата за обука и доктрина од Скопје и други гости.

Одговорни професори:

Соња Карбева

Стојанче Иванов

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den